46 дечиња од Кавадарци заминаа на бесплатно зимување

46 дечиња од социјално загрозени семејства од општина Кавадарци денеска заминаа на бесплатно зимување на Пелистер.

- Овој зимски распуст од вкупно илјада деца од цела Македонија, стотина од нашиот град Ќе можат да ја користат оваа поволност што им ја нуди државата. Се работи за деца од социјално загрозени семејства, од семејства кои користат постојана парична помош, детски додаток и посебен додаток. Некои од децата што заминаа денеска имаат и своја придружба, објасни директорката на Центарот за социјални работи од Кавадарци,Вања Маневска.

Таа информираше дека децата ќе имаат 5 ноќевања на Пелистер со 5 полни пансиони а се враќаат на шестиот ден. 

Патувањето е организирано од Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални работи од Кавадарци.

09.01.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега