40-годишна скопјанка и нанела тешки телесни повреди на мајка си
40-годишна жена вчера вечер ја претепала својата мајка, а таа со тешки телесни повреди завршила во болница.
-Вчера во 02:30 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена од скопско село пријавила дека на 07.10.2020 околу 22.30 часот, по претходна расправија, физички била нападната од нејзината 40-годишна ќерка, при што ѝ била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
08.10.2020 - 18:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа