4 симптоми од кои ќе препознаете дека сте заразени со „Омикрон“

Омикрон, со брзо темпо веќе се сместува во секое катче во светот. Неодамна се забележаа и првите случаи во Хрватска, Украина и Словенија.

Британските научници веќе повеќе недели го анализираат овој сој од коронавирусот, при што дојдоа до одредени заклучоци. Односно, тие ги утврдија симптомите на омикронот, и со што се разликува од досегашниот сој, којшто доминираше досега.

На списокот на симптоми објавени од британската влада се  треска, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на првата варијанта на коронавирус.

Тим Спектор, научник кој е во првите редови на истражувањето на сојот омикрон, вели дека побарал од британската влада да ја ажурира листата на симптоми од појавата на варијантата на делта.

-Пораките што ги испратија од Владата не беа доволно јасни. Мислам дека повеќето луѓе препознаваат симптоми слични на настинка. На таа листа едноставно би додал „симптоми слични на настинка“. Треба да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: ако имате симптоми на настинка, држете се настрана од луѓето. Не треба да ги чекате класичните симптоми на ковид – рече Спектор.

За да ги споредат симптомите на сојот делта и омикрон, истражувачите зедоа податоци за симптомите на сојот делта од октомври, кога тој вид беше најдоминантен, и сегашни податоци за сојот на омикрон.

Првата анализа не покажа јасни разлики помеѓу раните симптоми на делта и омикронскиот сој.

17.12.2021 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа