37-годишник ќе одговара кривично - полицијата му најде марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана  и шприц со смола од хашиш.

23.03.2023 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега