36 ученици од Кавадарци оваа учебна година се испишале и заминале во странство

 
Триесет и шест ученици од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство.
Вака денеска беше одговорено од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината. Во оваа бројка влегуваат 30 ученици од основните и шест од средните училишта.
 
Во оваа учебна година, во основно образование се запишале 3.129 ученици. Во средно образование, 1.428 средношколци.
25.01.2023 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега