Вчера во 19:05 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ц.A.(33) од Република Албанија затоа што по извршените извршени проверки било констатирано дека за лицето била распишана меѓународна потерница по барање на Интерпол Белгија.
Лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.


