33-годишник од Дебар се води за исчезнат

Во Дебар пријавен за исчезнат е маж на триесет и тригодишна возраст.

– Вчера во Секторот за внатрешни работи – Охрид, Ј.Т.(35) од Дебар, пријави дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот сопруг Н.Т.(33). Одделението за внатрешни работи во  Дебар презема мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.

 

23.10.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа