33-годишен скопјанец си крадел дрва за огрев, ама полицијата го фатила на дело

33 годишен скопјанец бил фатен на дело како краде дрва за огрев, но по детална истрага полицијата открила дека има и други, кои веќе биле во неговиот дом.

„Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци - Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.П.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 28.09.2021 во дворно место на ул.„Серменинска“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ го затекнале пријавениот со патничко возило „опел фронтера“, со бугарски регистарски ознаки, натоварено со дабови огревни дрва без жиг и моторна пила. Притоа, во дворното место биле пронајдени и други огревни дрва без жиг, кои пријавениот ги донел претходно“-се вели во писменото соопштение на МВР.

18.10.2021 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа