32-годишник ги претепал својата сопруга и мајка - заврши зад решетки

На 23.09.2022 во 18.30 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот М.Б. од ова село. Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна, информираат од МВР.

Претходно, М.Б. бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и сопруга. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, додаваат надлежните власти.

24.09.2022 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа