28-годишник загина во тешка сообраќајна несреќа во Кавадарци

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека засега не може да даде повеќе детали,  бидејќи во тек е увидот на местото на настанот.

Од Брза помош Кавадарци за МИА потврдија дека едно лице на возраст од 28 години е починато, а сообраќајката била меѓу трактор и автомобил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега