28-годишен велешанец се удави во езерото „Младост“

28-годишен велешанец вчера се удавил во езерото „Младост“.

-Вчера во 15.30 часот било пријавено дека во Велес, во водите на езерото „Младост“, М.С.(28) од Скопје влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.  Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, се вели во денешниот билтен на МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа