26-годишен скопјанец добил инфаркт по прележан ковид-19

26-годишен скопјанец доживеал срцев удар, откако прележал коронавирус, па за да му го спасат животот докторите морале да му вградат стент. Ова за Алфа го кажа интернистот д-р Владимир Ристовски. Тој откри дека ова не е првпат млад човек да добие сериозни компликации по прележување на вирусот Ковид 19. Докторот вели дека уште двајца млади луѓе под 30 години биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ со пост ковид компликации, иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави.

– Имаме доста голем број пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан ковид-19. Имаме пациенти коишто развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот ковид-19. А имаме и пациенти кои, за жал, сè повеќе млади, кои веќе прележале ковид-19 пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и сè уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега – вели Ристовски.

Дел од пациентите кои го прележале вирусот се жалат дека и по три месеци од болеста се уште не можат да си го повратат чувството на мирис и вкус на храната, а има и такви кои брзо се заморуваат при физички напор иако таков проблем претходно немале.

Докторите велат дека сепак вирусот најмногу влијаел врз психичкото здравје на пациентите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега