250 возачи ќе платат казна за брзо возење

 
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при штосе  санкционирани 250 возачи.
 

– Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираа од МВР.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потенцираа од Министерството.
22.09.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега