24-годишник заработи кривична пријава, украл пушки и муниција од куќа во Свети Николе

24-годишно момче заработи кривична пријава поради тешка кражба. Тој од куќа во Свети Николе украл повеќе пушки и муниција.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.М.(24)од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 15.04.2020 во Свети Николе, на ул.„Карпошева“, во куќа сопственост на Д.С., пријавениот влегол со употреба на сила и одзел пушка марка „застава“ М98, пушка марка „винчестер“, пушка марка „бенели“, пушка марка „баикал“, пиштол Ц3, околу 50 парчиња различен вид на муниција, две црни торби, пари, накит, вредни предмети и спортска опрема, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 1.636.000 денари, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега