23 годишната Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание

23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6 е најмладата народна избраничка.

Во изјава за ТВ 21, таа нагласi дека за разлика од нејзините врснички кои сакале мода, спорт или музика, таа се интересирала за вести и за политика.

Нејзина цел во парламентот како што истакнува таа ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега