22-годишно момче од Македонија се удави во Црна Гора

Првиот ден од престојот во Црна Гора каде 22-годишниот македонски државјанин заминал да работи во летната сезона, завршил трагично, објави Телма.

Црногорскиот медиум приморски.ме објави дека момчето стигнало вчера во заливот меѓу Бар и Улцињ и околу 18:00 часот се удавило на плажата Утеха.

Обвинител и полицијата го истражуваат трагичниот случај, а според првичните информации немало траги на насилство.

19.06.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега