21 век: Село во Македонија, трет ден по ред остана без вода за пиење - надлежните молчат

Жителите на селото Фалише алармираат дека три дена немаат вода за пиење. Мештаните велат дека иако контактирале со надлежните од ЈКП Тетово не добиле одговор што е причината за немањето вода.

-Три дена нема капка вода, навистина срамно во 21 век да немаш капка вода 36 часа. Се јавивме вчера (четврток) во ЈКП Тетово и денеска и ни рекоа дека ќе биде отстранет проблемот во најкус можен рок, а некако нема индиции ни да се направи. Кај сме три дена без вода сега до понеделник треба да чекаме да го санираат проблемот, се вели во дописот до нашата редакција од жителите на Фалише.

Од Јавното комунално претпријатие „Тетово“ информираа само дека поради настанат дефект на водоводна мрежа, во селата Фалише и Сараќино нема вода.

-Кога ќе се санира дефектот повторно ќе бидете известени, соопштија од ЈКП Тетово.

Фалише и Сараќино со вода се снабдуваат од водоснабдувачки систем од реонот на Палчиште. 

03.02.2023 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега