204 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 53 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

19.08.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега