20.000 граѓани испратиле приговори до Владата за платежните картички

20.000 приговори за платежните картички пристигнале до Владата.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска истакна дека има проблем во постапката на делење на платежните картички за граѓаните со ниски примања, средношколците и студентите. Сепак, проблемот го правда со тоа дека станува збор за обемен проект.

-Оваа е обемен проект кој за првпат се реализира во нашата земја на најтранспарентен начин. Сите недостатоци ќе бидат поправени. Во овој процес беа вклучени повеќе институции, кои требаше да достават податоци за лицата кои треба да добијат ваква платежна картичка, односно Министерствата за образование и труд и социјална политика, како и Управата за јавни приходи, рече министерката Ангеловска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа