20 мај - Ден на пожарникарството во Македонија

Денес е 20 мај – ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред.

Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење на пожар во згради, возила, шуми и слично.

Лицата кои го прават тоа се нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да заштитат општеството, животите и имотот од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо ниво на тренинзи.

Првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година.

20.05.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега