184 смртни случаи во Велика Британија во последните 24 часа

Вкупниот број на починати од коронавирус во Велика Британија порасна на 42.153, односно за 184 повеќе смртни случаи од вчера, покажуваат податоците достапни од британската влада, објавени од Гардијан.

Сепак, 184 смртни случаи во последните 24 часа е помала дневна смртност од претходниот ден кога таа бројка беше 233.

Уште 1.115 нови случаи на ковид -19 се потврдени по денешните тестирања, со што вкупниот број на до вчера потврдените случаи, се зголеми на 299.251.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа