162 новозаразени, 9 починати

Девет луѓе ја загубија битката со коронавирусот во изминатото деноноќие, а регистрирани се и 162 новозаразени. Сепак, како што информираат од Министерството за здравство, оваа статистика не е конечна, туку може да се дополни бидејќи се чекаат податоците од една приватна лабораторија.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни. Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем, велат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111.  До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа