141 возач ќе плати казна за непочитување на правилата

Засилените акциски контроли продолжуваат и оваа недела на територијата на Скопје. Само во текот на вчерашниот ден, казнет е 141 возач, соопштија надлежните служби на Министерството за внатрешни работи.

На територијата на град Скопје изречени е вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 43 за непрописно паркирање“ – стои во писменото соопштение на полицијата.

 

Надлежните власти апелираат до сите граѓани почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.


14.09.2021 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега