14-годишната шпанска принцеза во карантин: Постои сомнеж дека во училиште заболела од Ковид-19

Шпанската престолонаследничка Леонора е во карантин, бидејќи едно дете со кое е во исто одделение во едно мадридско училиште, било позитивно на коронавирус, соопштило денеска шпанското кралско семејство.

Како што пренесува „Ројтерс“, 14-годишната принцеза поради тоа заедно со сите ученици од одделението ќе биде тестирана на Ковид-19, а нејзините родители, кралот Фелипе и кралицата Летиција, засега ќе продолжат со извршување на своите кралски должности.

Минатата недела осум милиони деца во Шпанија се вратиле во училиштата, но некои од нив во меѓувреме ги затвориле бидејќи меѓу учениците се појавил коронавирус.

Во Шпанија вчера регистрирале 4.708 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи достигнал 556.326 - што е најголема бројка во Западна Европа, а билансот на смртност во таа земја вкупно изнесува 29.747.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа