12-годишно дете избодено кај „Зелен пазар“

12-годишно дете било прободено со нож во близина кај „Зелен пазар“, па бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“

-Вчера во 19,59 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на плочник во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице. Малолетникот  бил пренесен во Градска општа болница„Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа