На ден 16.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои 2 пожари се активни, 1 пожар е под контрола, а 8 пожари се изгаснати.

Активни – 2:
Општина Новаци: с. Рапеш – ниска вегетација.
Општина Сопиште: с. Говрлево – ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола – 1:
Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати – 8:
Општина Сарај: с. Раовиќ – ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Општина Бутел: ул. Алпи – ниска вегетација.
Општина Бутел: ул. Боро Менков – ниска вегетација.
Општина Илинден: с. Мралино – ниска вегетација.
Општина Босилово: селата Еднокуќево и Моноспитово – ниска вегетација.
Општина Велес: ул. Вера Циривири бр. 169 – ниска вегетација во дворот на куќата.
Општина Струга: с. Враништа – ниска вегетација.
Општина Струга: с. Мислешево – ниска вегетација.

Exit mobile version