Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури. Тој е прогласен за виновен за тешката сообраќајна несреќа од 1 јули годинава, кога со својот мотоцикл „Кавасаки“ прегази пешак на кејот на Вардар и побегна од местото на настанот.

Судијката Снежана Марковска во образложението истакна дека Љури возел без дозвола и без регистарски таблички на површина наменета исклучиво за пешаци. Жртвата, 68-годишниот Југослав Николовски, почина во Клиничкиот центар од тешки повреди на главата. Покрај затворот, на осудениот му е изречена и петгодишна забрана за управување со возило од А категорија, а мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата.

Exit mobile version