Зошто не смеете да ја пропуштите серијата „На терапија“?

„На терапија“, првата македонска серија снимена според странска лиценца, започнува со емитување на 18-ти септември на „ТВ Сител“, во 22:20 часот.  За серијата веќе пишувавме, но вреди да се погледне и трејлерот.

„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“, е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која почнува долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.

Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат. Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот.

Десет причини зошто не смеете да ја пропуштите серијата „На терапија“

1. Маестрално одбрана македонска актерска екипа која се истакнува со врвна изведба на комплексните карактери и нивните предизвикувачки животни приказни.

2. Нецензуриран приказ на личните проблеми преку кој се отсликува секојдневниот живот во Македонија и колективните потешкотии со кои се соочуваат луѓето овде.

3. Посветеност на детали, гестикулации обработени до перфекција, неочекувани пресврти и напнати моменти кои ја засилуваат тензијата и создаваат „заразна“ драма која целосно го задржува вниманието.

4. Поглед во најдлабоките тајни и најскриените мисли и на пациентите и на психотерапевтите, кои целосно ја откриваат човековата психа и шокираат со својата искреност.

5. Ликови во кои секој може да се препознае, приказни со кои секој може да се поистовети, корисни совети, животни лекции и можност да се учи на туѓите грешки.

6. Уникатна можност да се запознаат истите ликови на социјалните мрежи (Милена, Владо, Ивана, Зана и Гент)

7. Висококвалитетен ТВ производ на продукциски искусен тим со портфолио кое ги опфаќа македонските класици како „Збогум на 20-тиот век“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“ и многу други.

8. Особено е внимавано на автентичноста на говорот и дијалектот со цел да се доближи серијата до публиката.

9. Оригинална музика напишана од Дино и Ади Имери, еден од најбараните авангардни музичари во Македонија.

10. Никола Ристановски.

 


Значи, 18 септември, 22:20 часот, ТВ Сител. Зачувајте го терминот во вашиот потсетник.

 

 

 

13.09.2017 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа