Зоран конечно призна: „Јас ја убив Јелена“

Полициски инспектор, искусен оперативец, успешно одглумил уапсен криминалец и така ја стекнал довербата на Зоран, кој во еден момент му признал и во детали му раскажал како ја убил пејачката Јелена Марјановиќ.

Полицаецот бил озвучен и исказот на Зоран е снимен, но не може да се користи како доказ во постапката против Зоран. Сепак, тоа признание е доказ дека вистински човек е зад решетки. Обвинителството е известено, но потврдило дека ова признание не може да се прифати зашто не е стекнато законски.

Зоран Марјановиќ е осомничен за убиство на сопругата Јелена Марјановиќ. На крајот на ноемнври бил префрлен од една притворска единица во друга, редовна процедура по еден месец притворениците да се префрлаат во друга ќелија. Марјановиќ не правел проблеми. Тогаш бил сместен со уште тројца затвореници, од кои едниот е оператвецот.

 

 

 

16.12.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа