Зоран Ивановски: Заев ја турка Македонија во економски понор

Зоран Ивановски, (Мр. Дипл.еле.инж) - енергетичар, смета дека актуелната влада нема никаков концепт за економски развој на државата, а задолжуваењата ќе продолжат да растат, што ќе доведе до колапс на екомонијата.

Ивановски, кој беше жесток критичар и на претходната влада, во интервју за Прес24, вели дека досегашните резултати на власта на економски план се катастрофали.

Само со активна глупост и непознавање на економијата некој може да постигне толку лоши резултати. Откако е дојдена новата екипа нема една мешалка бетон која е проект на владата освен нова автобуска постојка и туркање на споменици. Минатата година Македонија неофицијално ја заврши во рецесија, но со штелување на податоците еден квартал беше позитива за 0.2% со што успеаја да не мора да декларираат три последователни квартали негатива што по автоматизам значи рецесија.Задолжувањата се излезени од контрола и покрај $1.6 милијарди нови задолжувања не успеваат да ја задвижат економијата, особено трагично e поради позитивните трендови насекаде во Европа кај нашите стратешки партнери со кои имаме најголема стоковна размена, вели Ивановски за Прес24.

Неговите проценки се дека „држава која нема идеа за развој, нема инвестиции во енергетиката што ќе обезбеди енергетска независност, инвестиции на патната инфраструктура, како и почитувањето на законите нема светла иднина.

-Според тоа предвидувам народот се повеќе да се буди и да демонстрира што ќе доведе до предвремени парламентарни избори можеби заедно со претседателските, вели Ивановски за Прес24.

Енергетичарот Ивановски, кој живее и рабори во САД, вели дека „Македонија од осамостојувањето е заробена држава од политичките елити.

-Промените се случија под мотото “нема правда нема мир” не под “сите јазици во уставот” па сега наместо со економски прашања и реформи во судството да се занимаваме со анализа колку пати се прекршил деловникот, Уставот и законите на Македонија.Интересен факт за анализа е дека сдсм победи со поддршка на Албанските гласови кои сакаа промени и правна држава но поради коалицијата со ДУИ, СЈО ги заобиколи во истрагата и ДУИ продложи со “бизнис како по обичај”, вели Зоран Ивановски во интервју зап Прес24.

ПРЕС24.МК: Законот за јазиците кој минатата недела беше усвоен во Парламентот, предизвика остри реакции, но и поделби во македонското општество. Која е Вашата оценка за начинот на кој беше донесен овој Закон, но и за целата оваа ситуација?

ИВАНОВСКИ: За почеток ќе мора да ве корегирам. Имате мала грешка. Го ословувате предлогот со закон. Според моите скромни познавања од законската практика еден предлог станува закон одкако ќе се завршат легално сите процедурални чекори меѓу кои е и финалниот параф од претседателот на државата. Поделбите во општеството се поради начинот на носење и во помала мерка и поради наметнатата содржина на законот, за која не би сакал да дебатирам, што впрочем парламентот го направи. Ја укина демократијата и воведе диктатура. Или со други зборови, разговараме за полот на детето кое е зачнато со инцест и е мртвородено.

Предлог законот беше носен на мускули и во таа сила да се удоволи на коалициониот партнер за да опстанат на власт го изгазија деловникот, законите и уставот на Македонија.Не може да се носи предлог закон под закрила на почитување на јазик кога се гази врз државноста односно врз уставот и тука нема дилеми дека некој бара почит, но не почитува.

Овај закон во обид кој е мртвороден само ги возбуди страстите и ја подотвори кутијата на Пандора и мислам дека не е во корист на народот туку само на политичките елити кои живеат на назионализмот.

Доколку се сака еднаквост,  покрај Албански имаме и малцинства кои зборуваат Влашки, Туpски, Босански … Jac предлагам да одиме со електронска администрација која ќе има јазична поддршка на сите малцинства, но дата базите ќе бидат Македонски.

ПРЕС24.МК: Власта, Премиерот Зоран Заев вели дека овој Закон е во функција на интеграција на општеството и дека е целосно во согласност со Уставот?

ИВАНОВСКИ: Како што знам премиерот Зоран Заев е економист и според економскиот понор во кој ја турна Македонија, тој не е добар во неговата област, а не да ни објаснува право. До сега не сакав да ја коментирам содржината на предлог законот кој е донесен со газење на деловникот, но според тоа што успеав да прочитам има сериозни проблеми во правна смисла посебно вo деловите каде “МОЖЕ”, го замениле со ”МОРА”

Секако сега добредојдена ќе беше анализата и мислењето на Венецијанската комисија која премиерот ја заобиколи, исто како што ги заобиколија експертските мислења дека овај закон не смее да биде протуркан со Европско знаменце бидејќи за тоа се предвидени само закони со кои треба да се усогласат деловите од правната регулатива на Македонија со онаа Европската. Инаку е многу интересен одговорот на Венецијанската комисија во врска со Украинскиот јазик каде се вели дека истиот е суштинска компонента на националното индетификување на Украинците и гарант на суверенитетот.

“...V. The strengthening of the status of Ukrainian as the state language of Ukraine A. The status of the State language in the Constitution and in international law 49. The second aim of the Draft Law is “the strengthening of the status of the Ukrainian language as one of the crucial components of national identity of the Ukrainian people and a guarantee of its national sovereignty.” This aim is in full compliance with Article 10 of the Constitution (see paragraph 13 above). 50. As the Venice Commission understands it, Article 10 was introduced in 1996 in the Ukrainian Constitution as the constitutional expression of the will to protect and to promote the Ukrainian language as the basis of the cohesion of the Ukrainian society and the mutual understanding of its members.“ 

ПРЕС24.МК: Вие сте човек кој живее на Запад... имате искуство со западните демократии. Низ таа призма како ја оценувате политичката сцена во Македонија... колку таа е далеку, а колку блиску до западно европските вредности?

ИВАНОВСКИ: Македонија од осамостојувањето е заробена држава од политичките елити, на хартија тоа е Европска држава можеби и со поголеми слободи на малцинските заедници од старите Европски демократии. Имено Македонија е земја каде ромите имаат општина и Градоначалник, имаме сосемa напреден демократски закон за употреба за јазици, слобода на веење на знамиња на соседни држави, но кога некој има некоја друга агенда се е малку.

Промените се случија под мотото “нема правда нема мир” не под “сите јазици во уставот” па сега наместо со економски прашања и реформи во судството да се занимаваме со анализа колку пати се прекршил деловникот, Уставот и законите на Македонија.

Интересен факт за анализа е дека сдсм победи со поддршка на Албанските гласови кои сакаа промени и правна држава но поради коалицијата со ДУИ, СЈО ги заобиколи во истрагата и ДУИ продложи со “бизнис како по обичај”.

ПРЕС24.МК: Но, законот за јазиците не е единствениот политички настан кој во Македонија предизвикува турбуленции. Едно од прашањата кои чекаат на решение е спорот со Грција... Веќе оваа недела се очекува посета на Коѕијас на Скопје, и веројатно нов момент во процесот. Критиките кон Владата дека е премногу попустлива веќе се засилуваат. Која е Вашата оценка за можноста да се дојде до решение на спорот со Грција?

ИВАНОВСКИ: Прво да укажам на пропуштената можност да ги прекинеме преговорите кога ја добивме одлуката дека Грција не ја почитува привремената спогодба па да продолжам да одговарам на вашето прашање. Мислам дека решение за спорот во овoј момент е скоро невозможен и за тоа главниот кривец го гледам во нашиот преговарачки тим. Имено се влезе отворено да не речам детски наивно, без црвени линии што искусната Грција го искористи да постави максималистички барања до скоро барање за самоукинување од наша страна,  за да истото потоа го искористи да не обвини за непринципиелност за време на преговарање и повторно да извлече позитива.

Ќе остане само чуството на горчина и пониженост на Македонскиот народ по не знам кој пат поради потпишување на договори со соседите без анализа што се потпишува и менувања на имиња на објекти како од нив да зависи иднината на некој.

ПРЕС24.МК: Македонската дијаспора организираше неколку протести против преговорите. Во Македонија тие акции беа оценети со осуда... Од тоа дека дијаспората го нема тоа право, па се до моменти на омаловажување на оние кои протестираа. Како ги доживувате тие коментари?

ИВАНОВСКИ: Да, се организираа протести низ Европските метрополи и главниот град на САД Вашингтон, што наиде на критика од дел од гласачкото тело на владеачката партија. Нив не им сметаше кога премиерот Заев беше во Швајцарија да испазари 100.000 Албански гласови што истите го поддржуваа со паролата дека сите треба да се интегрираат, но токму на истите сега им сметаат демократските протести на Македонци.

Македонија е земја која дозволува двојно, тројно државјанство и правотo на глас е загарантирано на секој Македонец и апсурдно е да се дебатира дека некој има повеќе или помалку право на мислење поради географска локација или било што друго кога како реков правото на глас е идентично.

Нека го прменат законот за можност за гласање па ќе дебатираме кој смее коj не смее дотогаш злите јазици вечно нека замолкнат. Особено што секоја година од дијаспората влегуваат околу милијарда долари без кои Македонија би колабирала првиот момент, имено државата сеуште повеќе купува отколку што произведува.

ПРЕС24.МК: Како ја оценувате актуелната економска политика на актуелната власт. Се чини дека таа како да е многу пасивна на домашен, пред се економски план?

ИВАНОВСКИ: Економската состојба е загрижувачка да не речам траорна, и не го делам мислењето дека е пасивна.  Само со активна глупост и непознавање на економијата некој може да постигне толку лоши резултати. Откако е дојдена новата екипа нема една мешалка бетон која е проект на владата освен нова автобуска постојка и туркање на споменици. Минатата година Македонија неофицијално ја заврши во рецесија, но со штелување на податоците еден квартал беше позитива за 0.2% со што успеаја да не мора да декларираат три последователни квартали негатива што по автоматизам значи рецесија.

Задолжувањата се излезени од контрола и покрај $1.6 милијарди нови задолжувања не успеваат да ја задвижат економијата, особено трагично e поради позитивните трендови насекаде во Европа кај нашите стратешки партнери со кои имаме најголема стоковна размена.

ПРЕС24.МК: Вие изминативе години бевте жесток критичар на владата на ВМРО ДПМНЕ, воедно и поддржувач на политиките на Заев... Сакам да Ве прашам, што беше причината за да сега станете жесток критичар на власта на Заев?

ИВАНОВСКИ: Прашањето е малку извртено, но се надевам дека ќе одговорам за да правилно го разберете мојот став, јас сум критичар на актуелните власти во Македонија кога не работат според законите или сакаат да ја злоупотребат власта. Бев критичар и на премиерот Бучковски и поранешниот премиер Груевски заедно со еден од најдобрите економисти проф.др.Трајко Славевски беа мои гости во 2005 уште пред да стане премиер, но со текот на времето се случија доста злоупотреби за кои пишував. Kога не бев послушан дека треба промени внатре во партијата што ќе избегнеше потреба за преговри, договори, Пржино, предвремени избори итн., застанав зад единствената можност за да се принуди ДПМНЕ на промени во раководството.

ПРЕС24.МК: Се чувствувате разочаран, изигран од актуелната власт?

ИВАНОВСКИ: Не се чуствувам изигран бидејќи и пред изборите намав високо мислење за способноста на главните играчи од новата екипа. Мислам дека претходно објаснив дека тоа беше единствениот начин да се принуди ДПМНЕ на внатрешни промени на раководството. Единствено можеби од денешен аспект ми паѓаат тешко  обвинувањата од некои познаници дека сум помагал со единстена цел за функција како директор на ЕЛЕМ или РЕК... Единствено за кое сум разговарал при средбата со Оливер Спасовски беше можност да бидам во тимот за развој на ЕЛЕМ без платена фунција, како советник за нови извори, односно само на проектот Чебрен и Галиште.

ПРЕС24.МК: Имавте ли понуди да бидете дел од оваа влада како економски експерт?

ИВАНОВСКИ: Не пред изборите никогаш немав разговарано со првиот ешалон ниту некој се обиде да ме праша за моите мислења и познавања на одредени области односно енергетиката и нафтените ископувања. После избори имав само една средба со тогашниот генерален секретар Оливер Спасовски на која бев примен со доза арогантост на која се уште нeмам одговор зошто.

Не знам дали премиерот ги прочитал моите постови каде заговарав итна изградба на Чебрен и Галиште, но факт е дека до овoј момент нема никаква активност на терен. Со почеток на изградба на овие проекти ќе се вбризгаа околу 500 милиони евра во Пелагонискиот регион, истите ќе повлечеа можност за отварање на нова цементарница каде вработување ќе најдеа 1000 невработени што ќе значеше стоп за егзодусот кој Битола го доживува, но можеби ова е начинот на кој премиерот се заблагодарува на градот кој му ја донесе победата.

Да нафрлам дека во една прилика имав можност да разговарам со вториот ешалон за можноста да се направи ново мапирање за нафта во Македонија, имено според податоците кои ги имам направени од Војводинска компанија за време на Југославија во Овчеполието има нафта која може да се експлоатира со фракинг технологојата на која јас и мојата компанија работевме за време на нафтената бонанза во Северна Дакота.

ПРЕС24.МК: Во кој правец мислите дека ќе се развиваат политичката и економската состојба во Македонија до крајот на оваа година?

ИВАНОВСКИ: Економијата после шокот кој и го приреди новата екипа минатата година и губењето на 3.5% од БДП ќе се движи во многу ниски вредности на раст според мои предвидувања не повеќе од 2%, задолжувањето ќе се зголемува и за брзо ќе дојде момент каде нема да можат да се правдаат кредитите земени за економски раст имено Македонија е во дефицит на буџетот со оправдување за потребниот економски раст. Загадувањето ќе биде високо бидејќи новата екипа нема сеуште добра анализа што допринесува до тоа па нуди ПР решенија на автобуски превоз, или слично минорни решенија наместо гасификација и инсталирање на мотори на природен гас на градскиот превоз.

Држава која нема идеа за развој, нема инвестиции во енергетиката што ќе обезбеди енергетска независност, инвестиции на патната инфраструктура, како и почитувањето на законите нема светла иднина. Според тоа предвидувам народот се повеќе да се буди и да демонстрира што ќе доведе до предвремени парламентарни избори можеби заедно со претседателските

 

 

 

21.03.2018 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа