Зоната каде што се појавуваат мозолчиња покажува што точно не е во ред со вашето здравјето

Како што очите се огледалото на нашата душа, така лицето е одраз на нашето здравје. Доколку мислите дека новото мозолче кое го добивте нема никакво значење, се лажете. Мозолчињата покажуваат што се случува со вашето тело.

 Зона 1 и 2 – Проблеми со варење

Јадете помалку масна и нездрава храна, а пијте многу вода.

Зона 3- Црн дроб

Внимавајте со конзумирањето алкохол и масна храна. На ова место често знаат да се појават мозолчиња предизвикани од алергија на храна.

За лицето да ви биде чисто, мора да внимавате на исхраната, да вежбате и доволно да спиете.

Зона 4,5,7 и 8 – Бубрези

Се што ви излегува во зоната околу очите упатува на дехидрација. На лицето му треба вода!

Зона 6 – Срце

Проверете го крвниот притисок и холестеролот во организмот.

Зона 9 и 10 – Душни патишта

Ако пушите и имате алергии, ова е вашата критична зона. Ако пак не припаѓате во оваа група, тогаш мозолчиња на образите имате како резултат на внесувањето шеќер во организмот.

Јадете многу свежо овошје и зеленчук, а внимавајте и на хигиената на вашиот мобилен.

Зона 11 и 12 – Хормони

Ова е зона на стрес и хормонални промени. Пијте многу вода, јадете салати, правилно спијте и редовно чистете ја кожата.

Мозолчиња во овој дел на лицето се појавуваат и додека жените овулираат.

Зона 13 – Стомак

Редуцирајте го внесот на токсини и пијте билни чаеви.

Заклучок: Следен пат кога на вашето лице ќе се појават мозолчиња, немојте веднаш да ги стискате. Погледнете ја „мапата“ на вашето лице и решете го здравствениот проблем.

 

 

 

07.12.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа