ЗОИ Пјонгчанг: Јапонец падна на допинг тестот

Јапонскиот репрезентативец во брзо лизгање Кеи Саито падна на допинг тестот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, што е прв случај на допинг на Игрите во Јужна Кореја.

Кеи Саито, кој се натпреварува во брзо лизгање на кратки патеки, бил тестиран веднаш по доаѓањето во Пјонгчанг, а во крвта му била откриена недозволената супстанца ацеталозамид.

Оваа супстанца служи како „маска“ односно ги прикрива другите забранети супстанци.

Саито веднаш бил суспендиран од јапонскиот тим и бил испратен дома, а за неговата казна ќе се одлучува по завршувањето на ЗОИ.

„Шокиран сум од наодот бидејќи никогаш не сум се обидел да користам недозволени сретства. Ја поминав и антидопинг обуката, не сум користел стероиди, немав причина да прикријам нешто. Сакам да ја докажам својата невиност, а не да му бидам товар на тимот, така што ќе ја прифатам оваа одлука“, напишал Саито во своето обраќање до јавноста.

Олимпискиот комитет на Јапонија објави дека Саито бил тестиран на 29.јануари и дека неговиот тест бил негативен.

Допингот кај јапонските спортисти е реткост, а ова е прв пат Јапонец да биде поврзан со допинг на ЗОИ.

 

 

 

13.02.2018 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа