Зидан: Се повеќе луѓе го мразат Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го прокоментира денеска зголемениот број на фудбалски навивачи, кои не само што не го сакаат клубот, туку и го мразат.

 

Овие „анти-мадридисти“, според францускиот стратег, стануваат побројни со секој изминат ден, но исто така и поддржувачите на „кралскиот клуб“, се зголемуваат со брзо темпо.

 

- „Анти-мадридизмот“ одамна постои и станува се полошо со секој изминат ден. Сепак Реал е клуб со најмногу навивачи и тие стануваат се повеќе и повеќе со секој изминат ден. Пред 10-15 години немаше такви работи, но денес е поинаку. Сè што знам е дека треба да бидеме почитувани, за она што го правиме, вели Зидан, цитиран од „АС“.

 

 

 

17.04.2018 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа