Зибери: Законот за јазиците jа унапредува употребата на албанскиот јазик

Правниот експерт Насер Зибери, оцени дека Законот за јазиците усвоен во Собрание ја унапредува употребата на албанскиот јазик., но дека најважно е Законот да се спроведе во пракса. Зибери е оптимист, бидејќи за ова прашање гарантирал лично премиерот Зоран Заев.

“Спроведувањето на една законска норма зависи од два фактора. Политичката волја на носителите на државната власта и второ, нормите на санкционирање кои го носи самиот акт за кој станува збор. Мислам дека овие два услова, сега се исполнети. Постои волја за да се реализира имплементирање на овој Закон, бидејќи во спротивно немаше ни да се донесе имајќи ги предвид сите овие спротивставување на кои наишол во сите фази на овој Закон. И второ, законот предвидува санкции во случај на негово непочитување. Значи, доколку постои волја и не се спроведе, санкциите се тука и тие ќе ја натераат институцијата, носителот на функцијата, органите на државна власт да го имплементираат и спроведат Законот. Мислам дека два предуслови овозможиле донесување на овој Закон. Првин, изборниот резултат кој беше таков, создаде едно нивелирање на соодносот на македонските политички сили, кои без албански политички субјект не можат да донесат ниту една одлука. И второ, несомнено дека новото раководство на СДСМ покажа поголем демократски капацитет во сите сфери, особено во однос на меѓуетничките односи, вклучувајќи ја тука и употребата на албанскиот јазик. Овие предуслови влијаеле денес да имаме ваков Закон, каков што се усвои вчера во Собранието.” – изјави Насер Зибери.

 

 

 

12.01.2018 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа