Жртви и исчезнати- поплави и во Кина

Осумнаесет лица загинале, а исто толку се водат за исчезнати во поплавите на североистокот на Кина, пренесува државната агенција Нова Кина.

Силното невреме кое ги зафати источните и централните делови од провинцијата Џилин натерале повеќе од 100 000 луѓе да ги напуштат своите домови, а владата испратила 32 000 припадника на итните служби.

Уште од почетокот на летото, Кина е погодена од силните поплави во кои животот го загубија десетици лица, а илјадници се раселени.

 

 

 

17.07.2017 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа