Жена од Кичево го испрскала сопругот со солна киселина

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против 43- годишниот В.В од село Брждани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Пријавената, на 29.05.2017 година околу 15.00 часот, при расправија со нејзиниот сопруг во семејната куќа во селото,  со солна киселина го испрскала сопругот  во пределот на лицето. Истиот бил пренесен во општата болница во Кичево каде му биле констатирани видливи повреди во вид на црвенило и отоци по целото лице, како и повреди на очите. 

 

 

 

18.06.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа