Земи ми ја убавината, остај ми ги очите - исповед на водителката на која момчето и истури киселина на лицето

Веста за тоа дека италијанската водителка и Мисица на таа земја, убавата Џесика Нотаро(28) пред неколку месеци е нападната, одекна во светот како бомба.

Нејзе ја нападнал поранешното момче и во таа прилика ја испрскал со киселина по лицето., што секако остави одредени последици. Џесика сега прв пат за медиумите и светската јавност раскажа детали, за таа кобна ноќ.

Како што вели, агонијата не престанала како и болкитекои ги трпи секојдневно.

- Два месеци бев како во затвор. Повеќе не можам да живеам како некогаш. Не смеам да искачам на сонце, по цел ден носам маска, а лицето ме боли цело време. Сите пари ги трошам на лекови... Секој половина час треба ставам капки во очите и да ја намачкам кожата. Дури и ако бидам подобро, раните што ги носам во душата ќе останат до крајот на животот. Секогаш ќе се плашам да искочам од автомобил и да отидам до дома., затоа што таа сцена секогаш ќе ми искача пред очи. Лицето ми е уништено, но устата и носот не се допрени. И понатаму ги имам задржано своите црти на лицето и го препознавам својот одраз на огледало, изјавила Џесика за Дејли Меил.

Таа детално го опишала самиот момент кога таварес ја нападнал.

- Веројатно се криел на паркингот, затоа што се појави штом излегов од автомобилот. Почувствував дека ми доближи пластично шише на моето лице, а тој ја подигна раката за да биде сигурен дека киселината од  шишето ќе се излие на мене, додава таа.

- Лицето почна да ми гори и набрзо го изгубив видот. Таа ноќ во болницата се молев да ми ја земат убавината и се треба да се зема, амо да ги сочувам моите очи, затоа што тие се огледалото на душата, изјавила Џесика и додала дека е благодарна на госопод затоа што неколку дена по несреќата, и го вратил видот.

Се сомнева дека Хорхе Едвард Таварес откако водителката го оставила одлучил дека на овој начин да и се освети. Имено, моментално е во затвор и чека судење.

 

 

 

21.04.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа