Збогум Баси: Угина најстарата панда на светот

Најстарата панда во светот, 37-годишната Баси, угина, соопштија нејзините старатели во кинеската југоисточна покраина Фузхоу.

Баси го достигна екививалентот на возраста од сто човечки години.

 

Кинеската државна телевизија вчера во живо ја пренесуваше комеморацијата за Баси.

– Со тажно срце објавуваме дека големата панда и ѕвезда Баси угина во осум часот и 50 минути на возраст од 37 години. Беше ангел на пријателството во земјата и во странство, изјави претставник на истражувачкиот центар за панди во Фузхоу, каде Беси претстојуваше повеќе од 30 години.

Големите панди во Кина се сметаат за национален симбол и се предмет на строга заштита веќе неколку десетлетија. Поради сето тоа, тие денес не се загрозен вид.

 

 

 

14.09.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа