Затворска казна од 6 години за познатиот фудбалер кој силувал навивачка

 

Поранешниот репрезентативец на Англија Адам Џонсон во моментов ја одлежува својата затворска казна од 6 години откако тој претходно беше осуден поради секс со малолетничка која имала само 15 години.

Во официјалното обвинение стои дека тогашниот фудбалер на Саутемптон спиел со навивачката на овој клуб, додека тој во едно неодамнешно видео што го објави весникот „Сан“ тој негира дека имал сексуален однос со девојката, ниту со било која друга малолетна девојка.

– Посакував барем да имам секс со девојката поради која ќе бидам во затвор шест години. Секогаш ме чекаше по мечевите и сакаше да се слика со мене. Така беше околу шест месеци. Потоа побара дрес со мојот потпис. Разговаравме неколку недели, а потоа ја бакнав. Во затворот има луѓе кои спиеле со 12-годишни деца, а добиле двојно помала казна затвор – вели Џонсон на снимката, која ја објави англискиот весник „Сан“.

 

 

 

21.04.2017 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа