Затворите во Оклахома продаваат карти за играње со нерешени случаи на убистваа

Властите во Оклахома се надеваат дека ќе решат нерешени случаи на убиства и другите криминални случаи преку продажба на карти за играње.

Шпиловите од првата планираната серија се веќе на продажба за 1,42 долари во шест затвори во државата, а втората серија веќе се планира.

Картите потсетуваат на оние кои се дистрибуирани до американските војници за време на војната во Ирак, во кои беа вклучени членови на владата на Садам Хусеин.

Во картите се наведени нерешени предмети од 1978 до 2013 година.

 

 

 

12.10.2017 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа