Заштитете го вашето тело од алергии и инфекции: Листа на работи кои никако не смеете да ги позајмувате

Секој од нас знае неколку лични предмети кои никако не се препорачува да се делат со некој, како на пример четката за заби, но тоа не е единствената работа која не треба да се позајмува од други лица.

Овие работи никако не смеете да ги делите со другите:

Крпа

Доколку ја делите со другите ризикувате разни инфекции. Особено се опасни мокрите крпи во кои поради влагата и топлината побрзо се развиваат бактериите и кои можат многу лесно да предизвикаат инфекции.

Сунѓер за капење

Сунѓерот никогаш нема да се осуши сосема помеѓу две употреби. Тој, како и крпите, кога е мокар е погоден за развој на бактерии. Затоа најдобро е да се обидете секој член од домаќинството да има свој сунѓер. Инвестицијата не е голема, а на тој начин сигурно ќе заштедите на вашето здравје.

Брич

Ни под разно, а и нема потреба детално да ви објаснуваме зошто, нели?

Прибор за нокти

Иако на прв поглед ви се чини дека луѓето имаат чисти и здрави нокти, ноктариците, турпиите и останатиот прибор претставува ризик. Затоа најдобро е секој во домаќинството да има свој прибор за нокти, а доколку тоа е невозможно, пред секоја употреба дезинфекцирајте го приборот со медицински алкохол.

Пинцета за веѓи

Не заборавајте дека секое ракување со пинцета за веѓи предизвикува мало крвавење, па не треба со никој да ги делите како не би добиле инфекција. Покрај ова, пинцетата треба пред секоја употреба добро да ја исчистите со алкохол.

Антиперспирант

Овие производи многу лесно ги пренесуваат бактериите, а особено се опасни ако некој кој е депилиран се мачка со нив, и потоа го користите истиот ролон.

Кармин и балзам за усни

Кармините и балзамите за усни чувајте ги само за себе. Ако ги делите овие производи со другите, можат да ви пренесат инфекција како на пример херпес. Затоа ако веќе сте решиле да се шминкате, правете го тоа безбедно!

Обетки

Не треба да позајмувате, ниту да ги давате вашите обетки. 

Слушалки

Според некои последни испитувања и употребата на слушалките кои се ставаат во ушите можат да бидат причина за пренесување на бактерии. Па затоа ако ги делите со некого тие можат да ви предизвикаат и воспаление на ушите.

 

 

 

14.11.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа