Заработува милиони - тој е најплатениот африкански фудбалер

Поранешниот напаѓач на Виљареал, Седрик Бакамбу стана најплатениот фудбалер на сите времиња во кинески Пекинг Гуан, пренесуваат шпанските медиуми.

Кинезите за репрезентативецот на Конго исплатиле излезна клаузула од 40 милиони евра, но издвоија и дополнителни 34 милиони за данок.

Бакамбу го надмина трансферот на тандемот од Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане, како и идниот играч на клубот од „Енфилд“ Наби Кеита, чиј трансфер од Лајпциг изнесува 56 милиони евра.

Стрелецот на 14 голови за Виљареал оваа година во Пекинг ќе има годишна плата од 18 милиони евра.

 

 

 

11.01.2018 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа