Законот за јазиците го помина првиот филтер - ова се пратениците кои гласаа „за“

Законот за двојазичност го помина филтерот на Комисијата за политички систем во Собранието. На денешната седница, за него гласаа пратениците на СДСМ, НСДП, Алијансата, БЕСА и ДУИ, а против беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, законот го поддржаа пратениците Хари Локвенец од Струга, Бетиан Китев од Кавадарци, Сашо Поцков од Гевгелија, Сашо Поцков од Кочани и Ферид Мухиќ кој се прокламира како независен пратеник, а поддршката ја доби преку листата на СДСМ.
Од НСДП законот го поддржа Соња Мираковска.
Весел Мемеди од Алијансата, Африм Гаши од БЕСА и Реџо Исмиали од ДУИ дадоа поддршка од албанскиот блок партии.
Против законот гласаа пратениците Антонио Милошоски, Зоран Илијоски, Нола Исмалјоска Старова, Ане Лашкоска, Крсто Јованов и Нада Ципушева, сите од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овој закон е неуставен. 

 

 

 

13.09.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа