Закажана вонредна седница за одлуката на Трамп да се признае Ерусалим за главен град на Израел

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи вонредна седница поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Како што пренесува „Си-би-ес њуз“, итна седница побарале осум од 15 членки на Советот за безбедност, односно Боливија, Египет, Франција, Италија, Сенегал, Шведска, Велика Британија и Уругвај.

Арапскиот свет ја осуди одлуката на Трамп и побара нејзино повлекување пред да предизвика ескалација на ситуацијата во регионот.

Палестинскиот лидер Махмуд Абас ја оцени како „жална“ и додаде дека Ерусалим ќе остане „вечна престолнина на Палестина“.

 

Илјадници Палестинци од синоќа протестираат во Појасот Газа, палејќи слики од Трамп и американски и израелски знамиња.

 

 

 

07.12.2017 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа