Заев: Почитувањњето на големите датуми е само мал дел од нашата должност

 

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато, рече претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на денешниот централен настан на одбележување на 11 Октомври– Денот на народното востание, пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, во дворот на Владата, на кој повеќе делегации положија цвеќе. Заев во говорот посочи дека патриотизмот не завршува тука.

„Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, како што нам, причини за славје ни даде генерацијата на партизаните од антифашистичката и народноослободителната борба“.

- Пред 76 години нашите сограѓани во Прилеп и Куманово се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на востанието на македонскиот народ и на сите други граѓани во Македонија против фашистичкиот окупатор и почетокот на завршните процеси во впишување на македонската држава на мапата на народите во светот, рече Заев.

Во такви бурни преломни времиња на светската историска сцена како резултат на националната ослободителна борба и антифашистичко востание се роди и нашата држава.

 

 

 

 

11.10.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа