Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 11 часот на патниот правец Тетово – Пoпова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, информира АМСМ.

Известуваат дека од 7.2.2022, па сѐ до 19.2.2022, ќе се изведуваат грaдежни активности на дел од државниот пат А2 на потегот од клучката кај Миладиновци до клучката кај Кадрифаково на седум локации, ќе се поставува видеонадзор на дел од клучките поради што ќе има затворање на една сообраќајна лента (брзата лента) во период од 2 часа за секоја клучка, а во времетраење од 10 работни дена.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 
08.02.2022 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа