За сите кои сакаат да се дружат со Лазаров и другите репрезентативци денес имате можност

Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство Хрватска 2018, навивачите на Македонија денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација.

Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе бидат на располагање за потпишување дресови, ќе се одржи од 12 до 13 часот во фан-шопот на РФМ на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Од РФМ информираат дека билетите за утрешниот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Чешка се целосно распродадени.

- Би сакале да ги известиме сите фанови кои ќе ја бодрат македонската репрезентација од трибините, во ВИП арената „Борис Трајковски“, да дојдат минимум половина час пред почетокот на натпреваро, соопштија од РФМ. 

 

 

 

17.06.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа