За што ќе го потроши Владата заемот од 850 милиони евра?

Каде државата ќе ги троши 850 те милиони евра, кои  догодина планира да го позајми од дома и од странство? За кои капитални проекти, што ќе биде приоритет на оваа Влада?  Експертите очекуваат одговор . За нив не е спорна сумата, спорна  е намената. Ако каматите се поволни, велат, добро е да се позајми  сега, но не мора да се трошат сите пари.
 
Но тоа не значи дека ако каматата е ниска, сите семејства ќе земат кредити. Затоа Владата треба да каже транспаретно како и за што ќе се тошат парите, затоа што на крај каматата ја плаќаат сите граѓани, изјави за Сител, Марјан Петрески, Унуверзитетски професор
 
За враќање на стари долгови и покривање на буџетскиот дефицит ќе бидат потребни околу 470 милиони евра. За останатата сума,  нема одговор за што ќе се трошат.  Според Петрески, банките се високоликвидни, што значи имаат пари и за државни записи и за кредитирање на стопанството и граѓаните
 
Во предлог буџетот за наредната година, Владата планира преку државни записи  од банките да позајмни 288 милион иевра, додека на странските пазари  речиси 570 милиони евра. 
 

 

 

14.11.2017 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа