За секоја минута што ќе ја помине на теренот против Македонија, ѕвездата на Премиер лигата ќе донира по 50 фунти

Шпанскиот фудбалер Хектор Бељерин изјави дека на посиромашните жртви на пожарот во Лондон ќе им подари по 50 фунти за секоја минута која ќе ја одигра на Европското првенство за млади во Полска.

-За секоја минута која ќе ја одиграм на У21ЕУРО ќе донирам 50 фунти за помош за жртвите од пожарот. Ве молам да ја поддржите оваа иницијатива на каков било начин, напиша Бељерин на твитер.

Шпанија првиот меч во Полска го игра токму против Македонија, а играчот на Арсенал замоли за помош за жртвите од големиот пожар во Лондон. Доколку ги одигра сите 90 минути против Македонија, Бељерин ќе донира 4.500 фунти.

Најмалку 30 луѓе загинаа, а 65 се водат за исчезнати во ужасниот пожар во Лондон.

 

 

 

 

17.06.2017 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа