За пет години казината и обложувалниците свртеле 1,4 милијарди евра

Mакедонските казина и обложувалници во последните пет години свртеле неверојатни 1,4 милијарди евра. Како што објави 24вести, тоа е сумата која е пријавена како приход, а далеку помала е сумата што потоа е пријавена како добивка.

Сите казина и обложувалници во земјава за пет години имаат добивка од 56,5 милиони евра.

Приходите на казината и обложувалниците, во последните пет  постојано се зголемуват, но добивката не го следи истото темпо.

Приходи и добивки во казина и обложувалници 

                            Приходи         Добивка 
2012 година         207,0             10,2
2013 година         254,2             13,1
2014 година         280,2             8,4
2015 година         297,0             9,3
2016 година         357,0             15,5 

                                                  во милиони евра

 

 

 

 

11.02.2018 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа